| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Шкендија ја продолжуваат мртвата трка за врвот на табелата

skendija

Со две гостински победи, првопласираните екипи во Првата македонска фудбалска лига, Варар и Шкендија ја продолжуваат трката кон шампионската титула оваа сезона.
Вардар славеше минимално со 1-0 на гостувањето кај Хоризонт во Турново, а Шкендија ја продолжи низата на победи кај Брегалница во Кочани. Колото на гостите го дополнија и Работнички кој го совлада Металург, како и Силекс кој славеше против Младост ЦД во Охрид. Единствено често на домашните ја одбрани Шкупи со победата на Чаир против Ренова.

Вардар демонстрираше бледо издание на гостувањето во Турново, но благодарение на голот на Хабмарџумјан, кој со глава го искористи нафрлувањето од корнер на Фелипе, во 52. минута стигна до посакуваните три бода.

Шкендија убедливо стигна до триумф од 0-3 против Брегалница во Кочани. Тетовци дојдоа до предност со голот на Ибраими од пенал во 50. минута, а прашањето на победникот беше решено со евро-голот на Алими во 83. минута и вториот погодок на Ибраими во 85. минута.

Работнички со 1-2 дојде сосема заслужено до триумфот против Металург на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Уште во 2. минута преку Милан Ристовски „романтичарите“ дојдоа до предност, но Металург израмни во 15. минута со голот на Стојановски. Во вториот дел, со голот од пенал на засилувањето Бојан Најденов во 56. минута, Работнички ја осигура победата.

ПМФЛ резултати 20.коло:

Хоризонт Турново – Вардар 0-1

Брегалница – Шкендија 0-3

Металург – Работнички 1-2

Шкупи – Ренова 1-0

Младост Царев Двор – Силекс 0-1

Табела: Вардар 49 бода, Шкендија 44, Работнички 30, Шкупи 30, Силекс 30, Брегалница 20, Ренова 20, Хоризонт Т. 20, Младост ЦД 16, Металург 13 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top