Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети) ќе го одбележи Светскиот ден на културното наследство – 18 Април со семинар на тема: „Примена на нови материјали и технологии за конзервација на споменици на културата и историски градби – едукација на кадарот“.
Семинарот е меѓународен и е организиран во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, РЕФИКС од Австрија и СИНТЕК од Скопје.
Одбележувањето на 18 Април како Светски ден на културното наследство почна во 1982 година, на иницијатива на УНЕСКО и е поддржано од меѓународниот ИКОМОС. Темата на годинашното одбележување е „Образованието како наследство”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Маргарита Плевнеш Петкоска, историчар на уметноста со археологија: Ја развиваме моториката, имагинативноста и креативноста на најмалите
-
Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“