| четврток, 6 декември 2018 |

Семинар по повод Светскиот ден на културното наследство

Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети)  ќе го одбележи Светскиот ден на културното наследство – 18 Април со семинар на тема: „Примена на нови материјали и технологии за конзервација на споменици на културата и историски градби – едукација на кадарот“.

Семинарот е меѓународен и е организиран во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, РЕФИКС од Австрија и СИНТЕК од Скопје.

Одбележувањето на 18 Април како Светски ден на културното наследство почна во 1982 година, на иницијатива на УНЕСКО и е поддржано од  меѓународниот ИКОМОС. Темата на годинашното одбележување  е „Образованието како наследство”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top