Едукативните работилници за деца кои неколку години наназад се реализираат со едукатори од Музејот на Град Скопје и учичиштата од градот им овозможуваат на децата креативно да се изразат преку цртеж, глина, тесто, колаж… За сите активности кои се реализираа во зиминатата година разговаравме со Маргарита Плевнеш Петкоска, историчар на уметноста со археологија и едукатор во Музеј на град Скопје.
Заврши учебната година, но Вие зад вас имете бројни активности. Кажете ни дали е реализирано се или остана уште нешто?
-Со завршување на учебната 2017-2018 година , реализиравме дел од едукативните работилници , како дел од проектот „Скопје трезор на културното наследство“ поддржан од град Скопје. Проектот се реализира во текот на целата 2018 година. Основната идеја на проектот е конституирање на интерактивни работилници со различни едукативни дисциплини и техники со музејски материјал, каде преку тренинг на различни возрасти ученици ќе се презентира истовремено и движното и недвижното богатство на градот Скопје. Едукативната програма е осмислена и се реализира со цел децата од најмала возраст да се запознаат со историјата на градот во кој што живеат, со недвижното културно наследство и да се стекнат и да создадат база на трајни знаења, музејска култура, однос кон културното наследство воопшто.
Програмата ја реализирате преку едукативни работилници. Кажете ни нешто повеќе за нив?
-Во тек на месец март, се одржаа работилници на тема „Мартинки – Среќна Баба Марта!“ Децата од градинката „Мини фини Буџетчиња“ изработуваа мартинки, амајлии направени од црвен и бел конец, кои најчесто се носат на рака како белегзија. Работилници за „ВЕЛИГДЕН“ –најголемиот христијански празник. На Велики четврток, ден кога се фарбаат велигденски јајца, се одржа работилница со децата од градинката „13-ти Ноември “ од Скопје и со децата од градинката „Мини фини Буџетчиња“од Скопје. Боење јајца, украсување, обичаи и месење на лепчиња-поскури за големиот празник.
Која е целта на ваквите едукативни работилници?
-Развој на моториката кај децата, имагинативност, креативност на најмалите итн. Целта е и децата од најмала возраст да се запознаат со историјата, со недвижното културно наследство и да се стекнат и да создадат база на трајни знаења, музејска култура, однос кон културното наследство воопшто.
Покрај овие празнични едукативни работилници, како овие за Велигден или за пролетта, одржавте и работилници за тематски изложби кои беа поставени во Музејот на град Скопје. Како помина овој проект? Се интересираа ли децата за уметноста?
– Изложбата „Пролетни празнувања“ поставена во Музеј на град Скопје , во април и во мај го презентираше богатството на верувања и обичаи кои ги практикувале луѓето од Скопје и скопските села, а во симплифицирани и трансформирани форми ги практикуваат и денес. Oбичаите врзани за секојденевниот живот, кои низ тренинг треба да остават трајни знаења кај учениците кои учествуваа на работилниците, беа инспирација за работилници кои се реализираа во соработка со децата од Детската градинка „13-ти Ноември“, „Мини фини Буџетчиња“, учениците од ОУ.„Гоце Делчев“ ( од I-III одделение)
Најмладите уметници , мотивирани од изложбата „Пролетни празнувања“ создаваа уметнички дела и креираа. Се одржа и работилница- месење на лепчиња-поскури, и др. изработки од тесто…
Работилниците насловени „Времеплов низ историјата на Скопје“ ги замисливме како хронолошко патување низ историјата на градот Скопје преку директен допир со архитектонските остатоци од конретни периоди, со детали од секојдневното живеење во истите објекти, со обичаи од секојдневниот живот. Времепловот го започнавме со анализи на праисториските предмети од поставката, со Говрлево, преку античкиот локалитет Скупи, тврдината Кале, преку објекти од османлискиот период, посета на тврдината Кале, објектите во непосредна близина како Султан Муратова Џамија, Црквата Св.Спас, Старата скопска чаршија, Музејот на старата чаршија “Сули Ан“ , Даут пашин Амам…
Работилниците беа реализирани со учениците од ОУ „Јан Амос Коменски “од Скопје, петто одделение со цел да добијат трајни знаења за историјата на градот Скопје.
Споменувате соработка со деца од градинките, училиштата, воспитувачите, наставниците. Очигледно интерес има кај сите?
-На работилниците се трудиме да ги развиваме социјалните и креативните вештини кај децата, а изработените предмети децата ги задржуваат за себе. Би сакала да изразам благодарност до сите кои беа вклучени во работилниците кои беа дел од проектот „ Скопје трезор на културното наследство“, кој се реализира со подршка од Град Скопје, децата и воспитувачите од градинките „13-ти Ноември“, Градинката „Мини фини БУЏЕТЧИЊА“ како и учениците и наставниците од основното училиште „Гоце Делчев“и ОУ „Јан Амос Коменски“, кои зедоа активно учество и со тоа помогнаа да се реализира овој проект. Со завршување на учебната година , остваривме дел од едукативните работилници , како дел од проектот „Скопје трезор на културното наследство“, но од есен продолжуваме со нови идеи и нова енергија….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“
-
Македонското културно наследство претставено на саем во Кина