| четврток, 6 декември 2018 |

Кочани: Се градат 43 социјални стана

Во Кочани во рамки на владиниот проект за изградба на социјални станови за ранливите категории на граѓани, се гради вториот станбен блок со 43 стана.

– Забрзано се одвиваат активностите на изградбата на 43 -те социјални стана во вториот станбен објект во Кочани во населбата Драчевик.Според договорот станбената зграда треба да биде готова до 2018 година, но како што стојат работите таа се очекува да биде готова до крајот на оваа година а станарите да бидат вселени на почетокот на 2017 година – изјави Анче Трифунов, раководител на подружницата на АД за изградба и стопанисување со станбен деловен простор во Македонија.
Трифунов информираше дека се подготвени проектните документации за изградба на две социјални станбени згради во Пехчево и Виница, за кои наскоро ќе следува распишување на тендерска постапка за избир на поволен изведувач, додека со почетокот на изградбата на овие две социјални згради ќе се започне во 2017 година.
Досега во општините Берово , Македонска Каменица и во Кочани се изградени три социјални станбени згради со над стотина станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top