| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар убедлив, Шкендија држи чекор до лидерот

vardar

Се одиграа сите натпревари во првиот викенд од вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Двете водечки екипи, Вардар и Шкендија со сигурни победи го почнаа пролетниот дел од сезоната.

„Црвено-црните“ на домашен терен ја совлада Ренова со убедливи 4:1, додека Шкендија беше поуспешна од Турново со 2:0.

Домашниот терен го искористи и Шкупи за минимална победа над Металург, а само натпреварот меѓу Силекс и Брегалница заврши без победник.

Резултати од денешните натпревари од 19. коло:

Шкендија – Турново  2-0
Вардар – Ренова  4-1
Силекс – Брегалница  2-2
Шкупи – Металург  1-0.

Вчера се одигра еден натпревар, Работнички – Младост Царев Двор 2-1.

 

Табела:

Вардар  46
Шкендија  41
Работнички  27
Силекс  27
Шкупи  27
Брегалница  20
Ренова  20
Турново  20
Царев Двор  16
Металург  13

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top