| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА

Според последниот ранкинг кој излезе од европската куќа УЕФА, актуелниот македонски шампион Вардар се најде на 201.место. Клубот успеја да скокне за неверојатни 54 места и од 255 место, на кое се наоѓаше минатата сезона и успеја да стигне до овој највисок историски пласман.

Овој скок, се должи на резултатите од квалификациите за Лигата на шампиони и пласманот во групната фаза на Лига Европа.

Според ова, ,,црвено-црните” успеаа да се најдат пред сите останати македонски тимови кои се наоѓаат на ранкгингот кој секоја година го спроведува УЕФА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top