Се одиграа сите натпревари во првиот викенд од вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Двете водечки екипи, Вардар и Шкендија со сигурни победи го почнаа пролетниот дел од сезоната.
„Црвено-црните“ на домашен терен ја совлада Ренова со убедливи 4:1, додека Шкендија беше поуспешна од Турново со 2:0.
Домашниот терен го искористи и Шкупи за минимална победа над Металург, а само натпреварот меѓу Силекс и Брегалница заврши без победник.
Резултати од денешните натпревари од 19. коло:
Шкендија – Турново 2-0
Вардар – Ренова 4-1
Силекс – Брегалница 2-2
Шкупи – Металург 1-0.
Вчера се одигра еден натпревар, Работнички – Младост Царев Двор 2-1.
Табела:
Вардар 46
Шкендија 41
Работнички 27
Силекс 27
Шкупи 27
Брегалница 20
Ренова 20
Турново 20
Царев Двор 16
Металург 13
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.