| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)

Играше рамо до рамо со Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Васил Рингов, Тони Савевски, Вујадин Станојковиќ и останатите во златната генерација на најтрофејниот македонски клуб Вардар во таа 1987 година, кога црвено-црните станаа југословенски шампиони. Одигра 29 меча во сезоната за незаборав на Вардар, ама Венцислав Симоновски буквално сите го заборавија. Денеска живее во мизерија – во мрак, гладен и жеден.

Симоновски го преживува најтешкиот период од својот живот. Осамен, гладен, во мрак во мизерни услови живее дури четири години. Немоќен, заборавен од сите буквално гладува.

– Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена веќе четири години. Вака, без услови, тешко е, вели Симоновски за „ТВ Стар“.

Корка леб и помош Симоновски добива само од својата снаа, која досега помош за него побарала од сите институции, но не ја добила од никаде.

– Бев секаде. Од социјалното ми велат дека не биле надлежни, вели Стојана Симоновска, снаа на Венцислав, додавајќи: Тој беше легенда, поим за овој град, а сега никој не сака да му помогне, како да не постоел, како ништо да не направил во животот.

Симоновски е и поранешен репрезентативец, но очигледно не го заборави само неговото родно Делчево, туку и целото македонско фудбалско семејство, па дури и неговиот клуб каде стекна слава – ФК Варда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top