Младинскиот фудбалски репрезентативец Дени Илиев, членот на англискиот премиерлигаш Арсенал, денеска е успешно опериран во клиника во Лондон. Тој одлучи да стави крај на маките што ги имаше во изминатиот период со менискусот на десното колено. Со денешниот хируршки зафат, решени се неговите здравствени проблеми, а враќањето на теренот, според лекарските проценки, ќе го очекува за околу три месеци.
Тој за македонскиот спортскиот портал Екипа изјави дека е задоволен од операцијата и најави враќање на терените по три месеци.
– Операцијата мина во најдобар ред и благодарен сум на докторскиот тим. Причните лекарски проценки се дека ќе паузирам околу три месеци, по што ќе можам да се вратам на фудалските терени. Сега ми претстои период на рехабилитација, а потоа ќе се вратам уште посилен, и се надевам, без здравствените проблеми кои ги имав претходно – изјави младинскиот репрезентативец, Дени Илиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.