| четврток, 6 декември 2018 |

Ибракадабра почна да тренира со топка: „Ниту лавовите не заздравуваат како луѓето“ (видео)

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите голгетери во поновата фудбалска историја, по само месец дена од тешката операција на коленото, започна со лесни тренинзи со топка.

Првиот стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона на својот Инстаграм профил објави видео во кое може да се виде дека неговото заздравување има нагорна линија, а притоа напиша: „Осетот никогаш нема да исчезне. Ниту лавовите не заздравуваат како луѓето“.

The touch will never disappear. Lions dont recover like humans. @azsportswear #itsnotaboutthegear

A post shared by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) on

Иднината на шведскиот напаѓач сè уште не е позната, некои медиуми го селат во САД, додека некои тврдат дека ќе остане во Јунајтед, но сигурно е дека на фудбалскиот терен ќе се врати побрзо од очекуваното иако има 35 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top