Првиот напаѓач на Манчестер Јунајтед неодамна се здоби со тешка повреда на мечот против Андерлехт, по што итно беше оперирано неговото колено. Златан Ибрахимовиќ сега е во САД каде се опоравува по операцијата, а иако се појавија гласини дека неговата кариера веќе е завршена, напаѓачот на Јунајтед најверојатно ќе се врати на теренот на почетокот на следната сезона.
Она што е интересно околу оваа повреда е што лекарите кои го оперирале во САД, Фу и Мушал останале шокирани од состојбата на колената на Ибра, откри неговиот агент Мино Риаола.
– Неговите колена се толку силни, што докторите не виделе ништо слично во своите кариера. Тој има колена какви е невозможно да имаш по 20 годишна кариера. Совршени се, нема никавки оштетувања, изјавил Риаола за Експресен и додал:
– Колената на Златан се толку силни што лекарите сакаат да се врати во САД по крајот на кариерата како би направиле истражувања. Тие работат во најдобриот институт за колена и лигаменти, па сакаат да истражат зошто колената на Златан се подобри од сите други на професионалните спортиски кои ги виделе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.