Првата ѕвезда на Манчестер јунајтед шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ се здоби со тешка повреда на реванш мечот од Лигата на Европа против Андерлехт кинејќи ги предните вкрстени лигаменти на коленото.
Неговата рехабилитација која е предвидена за враќање на терените ќе изнесува од седум од девет месеци и за тоа подршката стигнува од сите страни на светот.
Ибрахимовиќ има договор со Манчестер јунајтед до крајот на оваа сезона, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо инсистира управата да го продолжи договорот со шведскиот ас на уште една година.
Сепак Ибракадабра одбил да потпише нов договор со кој треба да заработува по 15,3 милиони евра за една сезона, со единствено образложение дека е повреден и не сака да зема пари од клубот на кој не може да му врати ништо до почетокотна 2018 година. Тој се едноставна порака ја одбил понудата.
– Не благодарам, повреден сум – изјавил Ибрахимовиќ.
Откако ќе заврши целосната рехабилитација Златан најверојатно ќе ја продолжи кариерата во МЛС – лигата во екипата на ЛА Галакси кои од поодамна стапиле во контакт со неговиот менаџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.