
Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ утре ќе биде опериран во Соединетите Американски Држави, информираат медиумите во Шведска. Тој ќе замине на операција кај д-р Фреди Фу во Питсбург, кој долги години е професор на катедрата на Универзитетот за медицина во овој американски град.
Фреди Фу е еден од врвните специјалисти токму за повреди на предните вкрстени лигаменти и досега има направено преку 6.000 операции, откако својата кариера ја започнал во Хонг Конг во далечната 1977 година.
35 – годишниот Ибрахимовиќ преку Инстаграм јавно објави дека нема намера да се откаже од фудбалот, иако се наоѓа во зрели години каде организмот потешко се опоравува од вакви сериозни повреди. Но, тој најави дека ќе се врати уште посилен и помотивиран следната сезона.
Интересно ќе биде да се види за кој тим ќе настапува Ибракадабра, со оглед на долгата пауза што му претстои, како и фактот дека договорот со Манчестер јунајтед му истекува на крајот на месец јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД


