Тројца мажи, со примена на сила, биле исфрлени од фестивалот на културата во Саудиска Арабија бидејќи биле презгодни за да им оддолеат жените.
Религиската полиција на овоа конзервативно исламско кралство натера тројца мажи од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) да го напуштат фестивалот во Ријад. Комисијата за промоција на доблестите и превенција од пороци во Саудиска Арабија каде што владеат строги правила за интеракција меѓу мажот и жената кои не се во роднинска врска, депортираше тројца мажи во Абу Даби, во случај на превенција за жените да „не паднат“ на нивната убавина и шарм, пишува весникот „Телеграф“.
Официјалната изјава од ОАЕ укажува на тоа дека религиската полиција била загрижена поради неочекуваното присуство на неименувана женска уметница во еден од павилјоните.
– Нејзината посета на штандот на ОАЕ била случајна и не била дел од програмата која ние им ја покажавме на менаџерот на фестивалот – изјави водачот на делегацијата на ОАЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.