| четврток, 6 декември 2018 |

Шеикот во шок: Во работна недела, нема никој во канцеларија (Видео)

seik

Премиерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Рашид, ненајавено се појавил во една од јавните институции за таму за затекне празни столици. Тој инспекцијата ја направил во недела, што е вообичаен работен ден во ОАЕ, па шеикот очекувал дека во канцелариите на јавните служби, луѓето ќе бидат на своите работни места.

Н,о како што се гледа на снимките кои на Твитер ги објави владината служба за медиуми, единствената личност која била таму во 7.30, бил владетелот на Дубаи, кој во текот на својата ненајавената инспекција не бил во прилика да види ниту едно лице, освен своето на фотографиите кои биле закачени по ѕидовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top