| четврток, 6 декември 2018 |

Жена стана претседател на парламентот на ОАЕ

jena-stana-predsedatel-na-parlamenta-na-oae-339278

Вчера за прв пат беше избрана жена претседател на парламентот на Обединетите Арапски Емирати, соопшти Франс прес.
Амал ал Кубајси беше избрана да го предводи федералниот национален совет, кој е орган со советодавни функции.
На 3 октомври избирачите во ОАЕ гласаа за 20 од 40 членови на парламентот. Останатите 20 се именуваат од владетелите на седумте емирати. Не сите поданици на ОАЕ имаат право на глас. Гласачите всушност исто така се избираат од владетелите на седумте емирати.
Оваа година право да гласаат имаа околу 224 000 луѓе. Населението на ОАЕ е приближно 9 милиони, од кои еден милион се локални, а мнозинството се странци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top