| четврток, 6 декември 2018 |

Арапските Емирати ги продолжија нападите врз позициите на ИД

Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) денеска ги продолжија воздушните напади врз позиции на Исламска држава. ­

-Авиони Ф­16 стационирани во база во Јордан утрово почнаа напади врз терористичката организација ИД, погодија цели и безбедно се вратија во базата – соопшти Армијата на ОАЕ.

Јордан и ОАЕ се дел од меѓународната коалиција предводена од САД, која од минатата година бомбардира позиции на ИД во Сирија и во Ирак.

Во соопштението на Армијата на ОАЕ не се наведуваат детали колку летала учествувале во нападите и каде се наоѓаат позициите кои биле нападнати.

Авиони на ОАЕ се распоредени во Јордан од неделата со цел да се интензивира борбата против џихадистите, кои погубија јордански пилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top