Иранска актерка морала да избега во Обединети Арапски Емирати поради тоа што на социјалните мрежи споделувала фотографии на кои не носи хиџаб.
Убавата актерка Садаф Тахеријан иранската влада ја окарактеризирала како престапничка бидејќи споделувала фотографии без муслиманскиот превез. Поради тоа таа била принудена да избега во Обединети Арапски Емирати.
Седеф ја поддржала уште една иранска актерка Чекам Чаман Ма споделувајќи свои фотографии со коса бојадисана во црвено. И за неа се верува дека избегала од Иран.
Министерството за култура во Техеран изјави дека ниту една од нив нема да може да продолжи да се занимава со актерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.