| четврток, 6 декември 2018 |

Загубената бурма ја откриле на рендгенска снимка кај нивното бебе (фото)

Жената мислела дека засекогаш ја загубила бурмата сѐ додека не го однела детето на доктор.

beba-glavna

Неутешната жена мислела дека нејзиното драгоцено парче накит исчезнало засекогаш, но, за секој случај, го однела детето на лекар. На рендгенската снимка бурмата јасно се гледала во стомакот на детето.

Таткото ја споделил рендгенската снимка на „Редит“, а прегледна е неколку илјади пати.

prsten-stomak

На прашањето како е детето, таткото одговорил: „ Тој е, всушност, добро. Нашето бебе не покажуваше никакви знаци  дека му е лошо, сè си беше сосема нормално. Сега откако дознавме каде е бурмата на мојата сопруга детално ја прегледуваме секоја негова пелена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top