На натпреварот меѓу Шалке 04 и Волфзбург во германската Бундеслига, вниманието го привлече транспаранет на домашните навивачи.
Популарните „Ултрас ГЕ“ и вардаровите „Комити“ имаат братска врска веќе неколку години наназад, па токму поради тоа денеска на „Фелтинс“ арената можеше да се забележи транспарентот со кој Германците му дадоа последен поздрав на легендарниот навивач на Вардар, Сашо Микиќ, или попознат како Штракало.
Штракало ја загуби битката со тешката болест пред дваесеттина дена, а фановите на Шалке го искористија првиот натпревар на домашниот стадион за да му посветат посебно внимание со следната порака:
– Почивај во мир Штракало, ултрасите живеат вечно – напишано беше на транспарентот кој му го посветија „Ултрас ГЕ“ на неодамна починатиот вардаров навивач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.