| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, во посета на Македонија

mihael rot

Државниот министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни  работи  на  Германија, Михаел Рот, денеска и утре ќе  престојува во посета на Македонија.

– Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и на опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, ромската популација и ЛГБТИ заедницата во Македонија – соопшти Германската амбасада во Скопје.

Предвидено е државниот министер Рот да учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top