Државниот министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија.
– Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и на опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, ромската популација и ЛГБТИ заедницата во Македонија – соопшти Германската амбасада во Скопје.
Предвидено е државниот министер Рот да учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.