Како што зборуваат жителите во Тузла, една нивна сограѓанка со години се фалела дека има вонбрачен син со Китиќ, кој го зачнале пред дваесет години кога Миле имал таму концерт.
Наводно, тие се запознале во Германија, во Франкфурт, на една свадба каде што тој пеел, по што и почнала нивната романса. Миле по свадбата во Франкфурт често доаѓал во нејзината куќа во Тузла која таа ја изградила како гастрабајтерка кога од Германија се вратила во родното место.
Таа сакал да име дете со него, но тој не сакал ни да слушне за тоа. Кога се породила му се јавила да му каже дека имаат син и дека треба да се венчаат. Миле, кој, пак, веќе бил во брак со сегашната сопруга Марта Савиќ не сакал ниту да слушне за такво нешто и наводно се договориле тоа да остане тајна. Миле, според договорот, редовно ја посетувал во Германија, го гледал детето и давал пари за сè што му е потребно за синот. Таа подоцна се омажила за богат Германец и родила уште две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.