Казна затвор од година и два месеца е изречена за лицето Т.С., која во својство на дадилка беше обвинета за кривичното дело „Запуштање и малтретирање дете“ од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Одлуката ја донесе денеска Судечкиот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Судењето беше затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице.
Адвокатот на дадилката по првото рочиште изјави дека таа се изјаснила дека не се чувствува виновна и побара преквалификација на делото тврдејќи дека бебето немало тешки телесни повреди.
Родителите на бебето ја ангажирале жената за да го чува, но се посомневале дека го малтретира кога забележале модринки по неговото тело и затоа поставиле камера по што се открила целата вистина.
Тетката на бебето на Фејсбук ја објави снимката која предизвика згрозеност кај целата јавност во земјата, но и во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)