Вирусот „Зика“ која влијае врз развојот на новородено бебе е откриен кај тројца туристи кој патувале од Велика Британија за Јужна Америка, што пак предизвика паника во цела Европа.
Овој вирус го пренесуваат комарците и не може да пренесе директно од човек на човек , соопшти здравствениот завод а Англија, а наспроти тоа што се забележани три случаи на оваа тешка болест, власите предупредуваат дека нема потреба за паника.
Лекот за оваа болест се уште не е откриен, наспроти тоа што станува збор за агресивен вирус кој го попречува мозокот на бебето во целост да се развие, поради што бебињата се раѓаат со помала глава. Од кога овој вирус е пронајден во октомври во Бразил досега се забележани 4 илјади случаи ширум Америка.
Жените ширум светот и во Европа па и на Балканот каде се забележани ваквите случаи решиле да не се брзаат со бременост, додека не се открие точно како овој вирус настанува и дали има лек за него. Светските научни пак предупредуваат дека жените кои се решиле на бременост да почекаат до 2018 пред да останат во блажена состојба.
-Иако во Европа и целиот свет се молчи за овој вирус ние предупредуваме дека треба да се почека додека не утврдиме што всушност се случува, одлагање на бременоста е најдоброто решение за сега. Сето ова е ново за нас, затоа што само до пред неколку месеци не бевме ни свесни дека постои вирусот Зика и постои голем јаз помеѓу нас и решавањето на овој тежок проблем –изјавила Лаура Родригесз, професорка на факултетот за инфективни и тропски болести.
Во Бразил оваа болест е најдена кај секое петто бебе, а родителите не можат да почувствуваат дали се заразени бидејќи симптомите се малку покачена температура како грип и трае седум дена. Американските власти ургираа кај сите бремени жени да избегнуваат патување во Јужна Америка додека оваа болест не се реши. Во Европа засега велат дека нема загриженост од епидемија но сепак предупредуваат да не се патува во егзотични земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)