
Поминавме година во која некој користејки го СДСМ сакаше на најможно валкан начин да го сруши ВМРО-ДПМНЕ, да ја дестабилизира Македонија, и да ја промени по терк како што налагаат неговите интереси. Се беше совршено подготвено, но како што знаеме не постои совршен злочин. Во овој случај недостасуваше една финеса, која како и многупати низ историјата се покажа клучна за нашиот опстанок, која ја заборавиле, или во најмала рака ја потцениле, а тоа е народот. Народот на Македонија, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ од 16-тата годишна Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.
– Колку и во почетокот накратко да го збунија, изненадија, некому му создадоа магла пред очите, народот, побрзо од сите очекувања ја свати добро и долго подготвуваната валкана игра, и ја отфрли. Народот на Македонија уште еднаш покажа дека има капацитет за државност. После сите игри, после сите местенки, после потрошени толку многу години во подготовки за преврат и остварување на некои други интереси, денес на 24ти јануари 2016та, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се посилни и пообединети, одколку кога и да било досега. Затоа Македонија е силна. Заради нејзиниот народ, заради неговиот капацитет, и неверојатна моќ да ги препознае валканите игри и лошите намери, истакна Груевски.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ речедека политичката криза која ја одбележа изминатата една година, ќе завши со предвремените избори во април.
– Сега народот е погневен од било кога. Но за жал на СДСМ, гневот не е кон ВМРО-ДПМНЕ, туку кон оние кои го силуваа. Кои му го силуваа уставот и законите, кои му донесоа политичка криза и неизвесност, и прават се таа истата да продолжи и да се продлабочи, кои создадоа ситуација заради интересот на државата и народот привремено доброволно да се повлечат оние кој тој самиот си ги одбра, на кого му наметнаа функционери кои не ги сака и не ги одбрал, кој ги отфрлил на изборите, на кого му донесоа закони и институции кои не се нивни избор, рече Груевски.
Тој порача дека на 24ти април доаѓа казната и одмаздата на народот и дека доаѓаат неговите 5 минути.
– Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


