| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Техничките грешки да се сведат на минимум

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван верува дека неговите избраници имаат сила и квалитет да се спротивстават на фаворизираната Хрватска, а според него еден од условите за добар резултат е што помалку да се прават технички грешки.

– За да постигнеме добар резултат еден од условите е и намалување на  бројот на технички грешки. Против нас ќе имаме состав кој знае како да ги казни грешките на ривалот. Затоа потребна е и дисциплина во играта. Нивната одбрана се трансформира во разни формации. Иако од СП во Катар им недостасуваат некои играчи, но се уште имаат врвни ракометари кои играат во најголемите клубови во светот, нагласи Обрван.

Хрватот на клупата на Македонија додаде дека кај неговите избраници се чувствува физички и психолошки замор, но како што рече, верува во квалитетите и силата на македонските ракометари.

Вечерашниот дуел Македонија – Хрватска во рамките на групата 1 од втората фаза на Европското првенство  се игра во Краков со почеток од 20 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top