| четврток, 6 декември 2018 |

Почна Зимскиот саем на книгата во „Феникс“

На Зимскиот саем на книгата, кој деновиве започна и ќе трае до крајот на овој месец во Културниот центар „Феникс“, најголема е заинтересираноста за лектирите за основно образование и изданијата за деца и млади…

На Зимскиот саем се понудени над 10.000 изданија за сите генерации, со саемски попусти од 50-80 насто. Сите посетители на Зимскиот саем добиваат легитимации за попуст на изданијата на Феникс во текот на целата година.

Во текот на наредната седмица акцент ќе биде ставен врз книгите од македонски автори кои ќе се продаваат по симболични цени, а меѓу авторите се: Јордан Плевнеш, Љубе Цветановски, Киро Донев, Велко Неделковски, Васил Тоциновски, Христо Петрески, Трајче Кацаров, Луси Караниколова, Мишо Нетков, Лидија Наумовска, Билјана Станковска и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top