По трите натпревари одиграни во групата Б во Катовице, хрватската репрезентација (има две победи и еден пораз) од денеска е во Краков каде утре во првото коло од втората фаза ќе игра против Македонија.
– Имаме одлична атмосфера. Мислевме дека ќе имаме четири бода, но во оваа фаза ќе поченеме со два. Добро е што со Исланд одигравме добро и се надевам од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и тоа ќе продолжи и со Македонија. Тоа е „моја Македонија“, во групата А навивав за Македонија, а ги имавте Франција и Полска, но тоа е спортот. Со целото срце навивав за Македонија и ситници Ве одалечија од некој бод и подобар пласман. Македонската репрезентација не е веќе само еден играч Кирил Лазаров, тоа е одличен тим со Миркуловски, Прибак и Стоилов, мило ми е што се врати ќе биде добро и за Вардар. Мораме да ги затвориме сите позиции и едвај го чекам дуелот со Македонија, изјави вардарецот Игор Карачиќ за дуелот против Македонија.
Натпреварот Македонија – Хрватска се игра утре во Краков со почеток во 20:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.