Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата, напиша денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако Зоран Заев не го прифати понудениот тв-дуел со него.
- А, ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел – напиша Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата