| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишно дете повредено од тракторска гума

Traktor

Седумгодишно дете од кавадаречко село било повредено викендов од тракторска гума, јави „Дневник“. Од општата болница во Кавадарци за весникот потврдуваат дека навистина имале таков случај. Дете родено во 2006 година било донесено поради повреда од тракторска гума додека било со семјството на нивата.
– Детето немаше видливи повреди, но на ехото забележав мало крвавење во стомакот, па заради детално испитување го испративме на Клиниката за детска хирургија во Скопје – за „Дневник“ вели Дано Кулев, началник на хируршкото одделение при кавадаречката општа болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top