| четврток, 6 декември 2018 |

Комитите и Пиратите беа на раб на војна, па се обединија во чест на Јохан

Полуфиналето од СЕХА лигата што попладнето се играше во салата Борис Трајковски за влакно не прерасна во тежок инцидент благодарение на полициската интервенција која спречи судир на навивачките групи на Вардар про и Металург.

Инцидентите започнаа откако фановите на Металург, почнаа да фрлаат со тврди предмети кон делот на трибините каде беа неутралните навивачи. „Комити“ се обидоа физички да се пресметаат со нив, но со помош на полицијата и на тренерот на Вардар, Вујовиќ, репрезентативецот Стоилов и уште неколку ракометари на „вардарци“ беше спречен уште поголем инцидент.

Десетина минути подоцна на трибините имаше сосема друга слика. Двете групи беа обединети, заедно пееја во чест на Јохан Тарчуловски, а навивачите на Вардар подготвија и специјална кореографија за Јохан.

vardar-metalurg-19

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top