| четврток, 6 декември 2018 |

На сопругата на Шон Конери и се заканува затвор

Мишлин Рокбрин (84) сопруга на славниот шкотски глумец Шон Конери се соочува со потенцијана затворска казна во висина од две години поради затајување данок во Шпанија.

mishlinRokbrin-540x320

Полицијата покренала истрага против славната двојка пред неколку месеци поради спорна продажба на вила во шпанскиот град Мербеља, а со истрагата е утврдено дека Мишлин го оштетила буџетот на Шпанија за најмалку 7,5 милиони евра.

Шпанското правосудство смета дека сопругата на Конери не им пријавила на даночните власти за колку точно вилата била продадена и доколку биде осудена Мишлин ќе мора да плати казна во висина од 21 милиони евра, но и се заканува и затворска казна од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top