Oсудени лица кои излежуваат казна затвор во затворот Идризово, dо редакцијата на порталот на албански јазик “Без цензура“ – (Pa Censurë), пријавија дека нема лекови за дијабетичари повеќе од два и пол месеци.
- Јас боледувам од дијабетес, лековите „Глуформин“, кои се најчесто користени од страна на осудените лица, повеќе од два месеци ги нема. Мене ми ги носат од дома. Државата обезбедува буџет за овие лекови, зошто треба да ни ги носат од дома, вели осудениот во затворот Идризово, кој боледува од дијабетес.
Заменик директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, за ова прашање изјавил дела се информирани за недостатокот на лекови во затворот.
- Но, од 1 мај, надлежностите беа предадени на Здравствениот дом во Скопје – изјави директорот Јонузи.
„Без цензура“ се обиде да добие одговор од Здравствениот дом во Скопје, но истите велат дека ќе одговорат по процесуирањето на прашањето.
За недостатокот на лекарства во затворот се бара одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затворениците во „Идризово“ предизвикале пожар и поплава за да не им ги земат телефоните
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)