| четврток, 6 декември 2018 |

Горбок си најде нов клуб, во следните две години ќе настапува за Пик Сегед

vardar-seged-10

Левиот бек на РК Вардар, Сергеј Горбок од идното лето ќе настапува за унгарскиот вицешампион, Пик Сегед.
Рускиот репрезентативец кој е роден во Белорусија постигнал договор новиот клуб на двегодишна верност и како што информираат од клубот се презадоволни од договорот со еден од најдобрите играчи во Европа на таа позиција на која игра Горбок.
Интересно е тоа што Пик Сегед е противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, а пред да се пресели во Унгарија, рускиот репрезентативец ќе гостува кај својот иден клуб и тоа во претпоследното коло, на 28 февруари.

– Можам да објавам дека е постигнат договор со Горбок во период од две сезони. Ракометарот има договор со Вардар до 2017 година, но сакаше да ја продолжи кариерата кај нас и брзо се согласивме, на обострано задоволство. Со неговото искуство, Сергеј треба да биде големо засилување за Сегед – изјави спортскиот директор на Пик Сегед, Петер Шуш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top