Келнер во ресторанот „Applebee’s“ во калифорниското место Фресно вратил 32.000 долари на семејство кое парите ги заборавило на масата на којашто ручало, објави управата на ресторанот.
Парите се наоѓале во платнена вреќичка на масата, а келнерот ги предал на шефот на смената во ресторанот, кој за тоа ја известил полицијата. Следниот ден семејството го пријавило исчезнувањето на парите во полицијата, а парите им се вратени откако полицијата утврдила дека се стекнати на легален начин.
„Applebee’s“ е американски синџир ресторани, а чесниот келнер во него работи десет години. Тој сакал да остане анонимен и ја одбил наградата што му ја понудило семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.