Вчеравечер околу 20.30 часот непознат сторител извршил тешка кражба во обид на дрзок начин во колонијална продавница на ул. ,,Пиринска“ во Свети Николе.
Маскираниот сторител влегол во продавницата и се обидел да отворил една од касите каде немало продавачка. Притоа, сторителот бил забележан од вработена, а бил соборен на земја од страна друго лице, кое во тој момент влегло во продавницата. После тоа сторителот ги фрлил парите кои ги зел од касата и побегнал во непознат правец.
Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.