| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Уапсен келнер, рекол дека не би го послужи Ердоган со чај

Турските власти уапсиле шеф на кафетеријата на опозицискиот весник „Џумхуриет“ бидејќи го навредил претседателот Ердоган зборувајќи дека никогаш не би го послужил со чај, соопшти неговиот адвокат.

Шенол буран кој раководи со кафетеријата на истанбулската канцеларија на „Џумхуриет“ е ставен во притвор откако полицијата влетала во неговата куќа во саботата навечер. Буран одрекува дека употребил навредливи зборови, иако ги потврдува зборовите дека би одбил претседателот да го послужи со чај.

erdogan1Судија од истанбулскиот суд во неделата наложил Буран да биде затворен до судењето, наведувајќи „силен сомнеж во извршување на злоделото“, додавајќи дека доколку остане на слобода, би вршел силен притисок врз сведоците.

„Џумхуриет“ е меѓу неколкуте турски весници кои и натаму критички се настроени кон власта. За навреди кон претседателот турскиот закон предвидува затвор до четири години. Адвокатите на Ердоган поднеле над 1.800 тужби за навреди кон претседателот, а меѓу тужените се и карикатуристи, поранешната мис на Турција и ученици, додаваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top