| четврток, 6 декември 2018 |

Најстресна работа е да си келнер

Според истражувањето објавено во магазинот „Неуролоџи“, најстресна работа имаат келнерите. За разлика од нив, најмалку стрес на работа имаат научниците и архитектите, како и тие што вршат пасивни работи како домар, рудар, физички работник.

Ако на прашањето која професија е најстресна, многумина би одговориле неврохирург, лекар, деминер или рудар, новата студија покажува дека неблагодарните професии како што е келнер, се најстресни и најмногу им штетат на здравјето.

Студијата покажува дека лицата што работат стресни професии помалку се грижат за себе и често се свртуваат кон пороците.

Научниците велат дека стресот најмногу зависи од чувството на контрола и за почит. Иако докторите, наставниците и сличните професии имаат ментално потешки професии, главно се чувстуваат почитувано и затоа не се под стрес. Спротивно на тоа, професиите во услужните дејности, главно, не се ценат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top