Келнерот Бен Милер (22) од Тексас добил бакшиш од 750 долари од гостинот на кој му споменал дека не го видел своето семејство во Северна Ирска повеќе од две години. Тој за АБЦ Њуз изјавил дека големиот бакшиш му го оставил маж по име Џефри кој дошол на вечера со неговото семејство и дека кратко поразговарале.
Џефри му рекол дека често ја посетува Ирска, а Милер тогаш му споменал дека со задоволство почесто би го гледал своето семејство кое е таму. Милер цела вечер го послужувал семејството на Џефри, а откако заминале имал што да види – му оставиле бакшиш од 750 долари и порака на сметката.
– Се надеваме дека со ова ќе можеш да стигнеш во Ирска за празниците, пишувало во пораката.
Милер изјавил дека бил во шок поради нивниот великодушен бакшиш и дека веднаш пораката му ја покажал на својот колега, кој признал дека за 11 години стаж никогаш не добил толку голем бакшиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овој хармоникаш го доби најголемиот бакшиш на свадба: Буквално лежеше во пари
-
Добил бакшиш од 6.000 евра бидејќи му ја погодил песната на гостинот (видео)
-
Бакшишот се броел до доцна во ноќта: Сања Ристеска ја „осиромаши“ Америка (фото)
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица