Ако изминатово лето тешко ги поднесувавате горештините, следната година подгответе се за уште повисоки температури! Британската метеоролошка служба најавуава дека не очекува уште потопла година, дури за 1,14 степени повеќе.
Овој јуни просечната температура била за 0,88 степени Целизусови повисока од просекот во текот на 20 век. Надминат е и минатогодишниот јуни, кога температурата била за 0,12 степени над просекот.
Иако метеоролозите напоменуваат дека може да дојде до отстапување од прогнозите, со голема сигурност тврдат дека постои само 5 отсто шанса дека глобалната просечна температура во 2016 година ќе биде пониска од просечната оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.