Наглото паѓање на температурата, најмногу го чувствуваат пациентите со хронични заболувања и старите луѓе. Кај луѓето со хронични заболувања, симптомите на болеста веројатно ќе се зголемат, па така оние со ревматичен артритис ќе чувствуваат силни болки, а тие со астма ќе имаат потешкотии во дишењето.
Кај ненадејните промени на времето, пациентите со срцеви болести, мораат да бидат особено внимателни.
Поради наглото паѓање на температурата, луѓето кои имаат проблем со притисокот, но и со срцевите болести, не треба да се изложуваат на преголем напор, ниту на тешка физичка работа и задолжително мораат редовно да ја земаат терапијата.
Кај ненадејниот пад на температурата расте и бројот на акутен инфаркт.
Не се изоставени и тие кои страдаат од честа мигрена и главоболка, како и дијабетичарите.
Поради падот на температурата, крвта се згуснува, па потешко е да ги следите промените во нивото на шеќерот во крвта.
Чувството на мачнина, вртоглавици, главоболки и заморот, се поврзани со ненадејната промена на времето.
Експертите претпоставуваат дека причина за тоа е времето поминато во затворени простории, поради што способноста за аклиматизација во телото е намалена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.