Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа ја заврши календарската 2015 година.
Вардарци во меч од СЕХА лигата, одигра попладнево пред својата публика во СЦ „Јане Сандански’’ очекувано забележаа победа над екипата на Сутјеска со 36:18 полувреме 18:9, во дуел од регионалната СЕХА лига.
Филип Лазаров со 10 постигнати голови, од 12 одбиди, беше најефикасен во редовите на црвено-црните, а кои Хорхе Македа постигна 6, а Стојанче Стоилов и Дејан Манасков придодадоа по 4.
Со десетата победа во и вкупно 34 освоени бодови, Вардар презими на првото место на табелата во СЕХА.
Имено, последните два натпревари од календарската 2015 година ќе се одиграат во сабота и тоа, Веспрем – Татран Прешов и ППД Загреб – Борац, по што во СЕХА лигата ќе следува пауза до 2 февруари следната година.
Табела: Вардар 34 бодови (14 одиграни натпревари), Веспрем 28 (10), ППД Загреб 27 (12), Татран Прешов 27 (13), Мешков Брест 21 (11), Нексе 21 (13), Војводина 11 (15), Борац 10 (13), Спартак 10 (15) и Макс Струмица 2 (14).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.