| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски ќе ги провери репрезентативците во Копер на 23.март

makedonija 6

Фудбалската репрезентација на Македонија на 23. март 2016 година во Копер ќе одигра пријателски натпревар против најдобрата селекција на Словенија, објави ФФМ на својот официјален сајт.

Селекцијата предводена од поранешниот селектор на нашиот национален тим, Сречко Катанец, е рангирана на 61. место на листата на ФИФА. Во групата Е од квалификациите за ЕП во Франција 2016 година, Словенците завршија на третото место и се пласираа во бараж за пласман на континенталниот шампионат. Но, токму Украина која беше третопласирана во нашата група, успеа да ја елиминира Словенија во двомечот за ЕП 2016.

Македонија и Словенија досега имаат одиграно три пријателски натпревари и имаме три победи. Првиот официјален натпревар за репрезентацијата на Македонија на 13. октомври 1993 во Крањ го добивме со 4-1, на 23. март 1994 година во Скопје славевме со 2-0, а на 4. ноември 2012 година победивме со 3-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top