| четврток, 6 декември 2018 |

Моторџии со срце – ја осветлија пистата за да полета мајка со новороденче (видео)

Околу 300 моторџии ја осветлија пистата со фаровите од нивните мотори во местото Контамани во Перу за да може да полета авион во кој била жена со новороденче.

Контамана е едно од најсиромашните места во Перу со околу 26.000 жители и во овој град нема болница. Авионската писта е неосветлена па поради тоа авионите полетуваат само преку ден. Но, една жителка на градот не можела да го чека изгрејсонцето. Таа и нејзиното тукушто родено бебе морале да итно да бидат пренесени во болница поради компликации по породувањето. Локалната радио станица ги повикала моторџиите да ја осветлат пистата, а овие веднаш излегле во пресрет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top