Најдобриот кошаркар на шампионот во НБА лигата Голден Стејт, Стефон Кари, покрај тоа што покажува одлични игри и сосема заслужено беше прогласен за МВП за минатата сезона, тој и одлично заработува. Покрај договорот со Голден Стејт кој тежи повеќе од 11 милиони долари годишно, Кари има и мултимилионски договори со спонзорите.
Затоа не му е никаков проблем длабоко да ја завлече раката во џебот и да си дозволи да си купи нова куќа за него и неговото семејство која чини 3,2 милиони долари.
Новата „палата“ која е во модерен мдетиренски стил се наоѓа на 16 километри од Оукленд, домот на Вориорс. Куќата има огромен двор, соба за билијард, огромна винска визба со капацитет од 2.300 шишиња, пет спални соби, четири камини и сѐ на сѐ околу 740 метри квадратни простор за малата Рајли, ќерката на Кари да може да си игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Кралот“ Џејмс: Стеф вреди повеќе од 200 милиони долари!
-
Гестикулацијата на Кари која го згрози целиот кошаркарски свет! (видео)
-
Голден стејт чекор поблиску до титулата, уште една маестрална партија против шампионот Кливлен (видео)
-
Метла и за Сан Антонио, Голден стејт влегува во големото финале без пораз! (видео)