| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралот“ Џејмс: Стеф вреди повеќе од 200 милиони долари!

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на вицешампионот Кливленд, смета дека супер-ѕвездите на НБА лигата треба да добиваат далеку повеќе пари од своите клубови, бидејќи токму тие се најзаслужни за популарноста на своите клубови.

Иако Стефон Кари пред два дена потпиша рекорден договор со Голден Стејт, во кој за пет години ќе заработи 201 милион долари, Џејмс вели дека Кари не доби онолку колку заслужува. Доказ за тоа е податокот што го објави спортскиот колумнист, Ен Килион, кој на Твитер напиша дека Џо Лакоб во 2010 година го купи Голден Стејт за „само“ 450 милиони долари, а сега шампионот вреди над 2,6 милијарди долари.

Токму поради овој податок останува во воздух прашањето, колку навистина вреди Стеф Кари, со оглед на тоа дека тој е најзаслужниот поединец на Вориорс за освоената шампионска титула.

На овој твит на Килион одговори и Леброн, кој се запраша зошто воопшто постои „селари кап“ во НБА, а потоа додаде дека Стеф требаше да потпише петгодишен договор вреден 400 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top