| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт чекор поблиску до титулата, уште една маестрална партија против шампионот Кливлен (видео)

Вицешампионот од минатата година, Голден Стејт поведе со 2-0 во серијата од НБА финалето против Кливленд. Стив Кер се врати на клупата на тимот од Калифорнија, кој славеше нова убедлива победа од 132-113.

Мечот започна ефикасно на двете страни, а по бавниот старт, кошаркарите на Голден Стејт направија серија од 10-2 за да поведат со 19-14. Леброн поентираше, но немаше поддршка од своите соиграчи, а загубените топки повторно беа клучниот проблем за Кавалирси.

Стеф Кари го искористи бонусот и во неколку наврати се најде на линијата за слободни фрлања и беше единствениот кошаркар со двоцифрен број на поени по првите десет минути. Вориорси имаа +6 по првата четвртина (40-34), а во исто темпо продолжија и во продолжението.

Следуваше подобар период од мечот за гостите од Охајо, кои на три минути до крајот намалија на -3 (59-56). Вториот дел заврши во полза на Кливленд, кој заигра подобро и замина на пауза со негатива од 67-64.

Леброн Џејмс имаше одлични први 20 минути во кои запиша 21 поен, 10 асистенции и 5 скока, а со двете украдени топки го помина легендарниот Џери Вест во финалните натпревари.

Како и во првиот натпревар, третата четвртина започна лошо за гостите, кои немаа одговор за Кари и Дурант. Серијата на Голден Стејт од 16-9 им донесе ново одлепување и двоцифрена предност (83-73).

Вориорси стигнаа до највисоки +14 по три четвртини, а Џејмс со „трипл-дабл“ учинокот се израмни со Меџик Џонсон во финалните серии.

Последните десет минути беа само рутина за домаќинот, кој на крај се радуваше со убедливи 132-113.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top