| четврток, 6 декември 2018 |

Гестикулацијата на Кари која го згрози целиот кошаркарски свет! (видео)

Голден Стејт со фантастичен пресврт во последните минути успеа да стигне до победа од 118:113 на гостувањето кај Кливленд, а дефинитивно клучната тројка ја постигна Кевин Дурент кој на 45 секунди пред крајот погоди за водство на „воините“ од 114-113.

Популарниот Кеј Ди реализираше преку Леброн Џејмс во ситуација кога нема одбрана за таков прецизен шут, но сепак овој момент предизвика огромен бес во „Кикен Лоунс арената“ поради гестикулацијата која ја направи Стеф Кари.

Ѕвездата на Голден Стејт повторно беше на висината на задачата постигнувајќи 26 поени, но го расипа впечатокот со провокативната прослава со која ги згрози фановите во Кливленд и наиде на осуда на социјалните мрежи.

Кари се обиде да долови дека врши голема нужда на паркетот по клучната тројка за пресврт на својот тим, гестикулација која секако не доликува на една голема ѕвезда која треба да биде пример за младите кошаркари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top